26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 80.000

Американскиот Центар за превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека досега во САД се забележани вкупно 1.342.594 случаи на заболени од коронавирус, што е 18.106 случаи повеќе од претходниот ден, додека бројот на смртни случаи се зголеми за 1.064 за 24 часа, на 80.820.

Извештајот на ЦДЦ се однесува на збирните податоци за бројот на нови случаи и починати од „Ковид-19“ во САД во однос на претходниот ден, истакнувајќи дека податоците не се поклопуваат со оние што ги даваат одделните сојузни држави.

Исто така, Институтот за мерење и проценка на здравјето (ИХМЕ) со седиште во Вашингтон ја објави најновата проценка за очекуваниот број на смртни случаи од коронавирус до почетокот на август, според која повеќе од 147.000 Американци ќе умрат од ковид-19, скоро 10.000 повеќе во однос на претходната проекција.

Како што беше истакнато во нивното истражување, ограничувањата за борба против епидемијата се намалуваат во значителна мера, а токму променит во мобилноста, тестирањето и попуштањето на мерките за социјално дистанцирање се детектираат како клучни двигатели на пренсување на вирусот.