24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСБИЗНИСИЗБОР

Коста Петров со фејсбук порака до претпиемачите

Фејсбук статус на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров:

Драги претприемачи,

Знам дека ова е тежок период за сите нас и како претприемач и јас ја делам вашата загриженост. Дел од нас беа приморани да го намалат обемот на работа. Некои мораа привремено и да ги затворат своите компании а бидејќи приливите се намалени, многумина се прашуваат како да ги исплатат платите на своите колеги на крајот од месецот.

Да, ова се неизвесни времиња за сите, но мојата порака до вас денес е следна –не сте сами во ова. Ќе го надминеме ова, заедно.

За да ги зачуваме работните места, Владата овозможува директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата.

Преку оваа мерка ќе можете да ги финансирате потребите за платата на вашите колеги и да ги зачувате нивните работни места за време на кризата.

Дозволете ми да ви објаснам како може да ја искористите оваа мерка.

👉Како да дознаам дали можам да бидам корисник на мерката за финансиска поддршка на работодавачите од 14.500 месечно по вработен?

– Оваа мерка можат да ја искористат СИТЕ компании кои ги исполнуваат следните услови:

1. Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

2. Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.

3. Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.

👉За кои вработени може да се искористи оваа мерка?

1. Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари.

2. За сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари.

3. Мерката е достана и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите.

*Мерката не може да ја користите за вработени кои користат ослободување од придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси

👉Како да аплицирам за мерката?

– Поднесете барање до УЈП до 5ти во месецот преку системот Е-ДАНОЦИ.
– Во МПИН образец-от во полето 3.23 внесете шифра 619. Во случај да користите и мерка за покачување на платите, внесете ја шифрата 621.

👉Кога ќе ги добијам средствата на сметката на мојата компанија?

– Средствата ќе ги добиете најкасно до 13ти во месецот.

👉До кога треба да ја исплатам платата?

– Платата на вработените треба да ја исплатите до 15ти во месецот за претходниот месец.

👉Дали треба да ги вратам добиени финансиски средства?

– Средствата се враќаат САМО ДОКОЛКУ остварите добивка во 2020 година.
❗❗❗ВАЖНО: Ако остварите добивка во 2020, враќањето е максимум до 50% од тоа што сте го добиле како финансиска поддршка.
❗ВАЖНО! За користење на оваа мерка, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени заклучно со јули 2020 година.

⭐Мој апел до сите вас е да ја искористите оваа мерка. Некои се плашат да ја искористат мерката бидејќи се плашат од инспекции и казни. Апелирам, оваа мерка постои за да се помогне на сите работодавачи и работници. Да изградиме заедничка доверба и заеднички да ја пребродиме оваа глобална криза!