22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Помош до 10.000 денари за домаќинствата кои се дел од неформалната економија

Заеднички и солидарно, преку почитувањето на мерките за заштита на здравјето, ќе ја надминеме здравствената и економска криза којашто ја наметна вирусот Ковид-19, велат во утринското соопштение на СДСМ.

Во него се истакнува дека со пакетот економски мерки во вредност од 200 милиони евра, што го обезбедила Владата, се овозможува значајна помош за препријатијата, за работниците, за занаетчиите, но и за оние што се дел од неформалната економија.

„Домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија имаат право на гарантирана минимална помош во висина од 4 до 10.000 денари, преку брз пристап во системот за социјална заштита. Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство, до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови“, се нагласува во партиското соопштение.

Во него се додава дека домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

„За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во последните 24 месеци, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност“, посочуваат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека обезбедени се и сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани.

Спонзорирано: