8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црна Гора воведе забрана за движење

Црногорските власти воведоа забрана за движење за да ја спречат пандемијата на коронавирус, така што граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 19 до 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 часот до понеделник наутро.

Владата на Црна Гора оваа вест ја објави на својот налог на „Твитер“.

Забраната ќе важи две недели и не се однесува на лица кои работат во јавни служби и обезбедуваат услуги од јавен интерес.