15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Таа истакна дека фокусот на буџетот на Европската Унија за периодот 2021-2027 година ќе биде борбата против новиот коронавирус.

Таа за бриселскиот портал „Политико“ изјави дека повеќегодишната финансиска рамка не е единственото средство за помош, но дека е средство за стратешко инвестирање и интраевропска кохезија, која е прифатена од сите земји членки на ЕУ.

„Политико“ пишува дека Фон дер Лаен објави дека ЕК ќе претстави дополнет предлог за буџетот на ЕУ од 2021 до 2027 година, што ќе вклучува пакет-стимулации.