14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Починаа две лица во Македонија од коронавирус, регистрирани нови 16 случаи во изминатите 24 часа

Во изминатото деноноќие починаа две лица на Инфективната клиника, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„За жал имаме починати две лица на Инфективно, едното на 90-годишна возраст и второто на 31-годишна возраст, чија клиничка состојба беше тешка, вчера поставен на респираторна машина, но во текот на претпладнето денеска почина. Сакам да изразам сочувство до семејствата“, рече Филипче.

Регистрирани се нови 16 случаи со коронавирус во нашата земја, со што вкупниот број се искачи на 257 пациенти.