5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Никола Димитров со многу важна информација за нашинците во странство

Важна информација сподели на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Никола Димитров за сите граѓани кои се во странство, особено тие кои немаат регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немаат начин како да се вратат дома, во татковината:

Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации.

На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени.

Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија. Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/ (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот).

Потребни податоци:

– име и презиме
– број на патна исправа
– контакт телефон
– земја и град каде се наоѓате
– дали имате регулиран престој во било која странска држава

Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток 19 март.

Ќе направиме се’ што можеме, водејќи сметка И за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство И за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома.