3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСЛОКАЛНО

Град Скопје апелира патниците во автобусите да носат заштитни маски и ракавици

Градот Скопје препорачува патниците кои го користат јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита – маски и ракавици.

Како што информираат градските власти, оваа препорака е во согласност со мерките за заштита на здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот.

Воедно од таму апелираат до граѓаните одговорно да се однесуваат додека се во автобус, а своите отпадоци да ги зачуваат и да ги одложат во најблиската корпа за отпадоци, по излегувањето од автобусот.

„Сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред две недели. Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот“, потсетуваат од Градот.

Спонзорирано: