– ЕВН и ЕЛЕМ, пример за општествено одговорни компании кои за помалку од 24 часа одговорија на нашето барање да ги осветлат безбедносните пунктови Бошков мост и Глобочица. Припадниците на МВР секогаш се први на местото на сите кризни состојби и затоа заслужуваат подобри услови за работа. Им благодарам за нивната професионалност и посветеност. Од име на припадниците на МВР им благодарам за свесноста заедно да си помагаме, рече Славјанка Петровска, дополниелен министер за внатрешни работи.