14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Фрчкоски: Полицијата и војската немаат капацитет доколку Скопје стане кризно подрачје

Кризната состојба односно кризите се пунктуални решенија. Се врзуваат за одреден локалитет и бараат големи ресурси. Кога Скопје би влегло во таква ситуација не знам дали би имале ресурси со покривање на сите димензии. Прашањето за прогласување кризна состојба на цела држава е апсурдно. Не знам кој го советувал Мицкоски за такво нешто, изјави универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.

-Логиката на прогласување на вонредна состојба се врзува со еден момент. Се ограничуваат правата на граѓаните на легитимен начин, потоа овозможува ресурсите владата да почне да ги менува дефинирани во буџетот. Да ги поддржи компаниите кои губат во ваква состојба. Владата мора да има капацитет да го компензира тоа, а тоа може само преку прогласување на вонредна состојба. И трето, прашањето кое се отвора е исто така мандатот на пратениците, односно повторно да се свика Собранието, да прогласи вонредна состојба, вели Фрчкоски.

Според Фрчкоски дефинитивната одлука да не се оди на избори мора да се реализира.

-Тоа се прави единствен начин, а тоа е преку Собранието. Лажна е правната дилема дека не може распуштено Собрание да се свика. Пратениците се во мандат до изборот на други пратеници, а Собранието во постојано заседание. Во едно може да се одложат изборите и да се прогласи вонредна состојба. Не може да се каже за кога точно би биле одложени изборите. Големи се шансите да се оди на редовни избори на есен, вели Фрчкоски.