5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Драма: Бројот на заразени од коронавирус низ Светот достигна речиси 200.000

Ако вчера имаше 182 илјади регистрирани заразени од корона вирус, денес таа бројка до сега достигна 197.272 лица. Уште позастрашувачко е што овие податоци се до попладнево и таа бројка постојано расте.

Досега се регистрирани 7.954 смртни случаи.

Најсилен удар во моментов доживува Италија со 3.526 новорегистрирани случаи и 345 смртни случаи, но крајно незавидна е ситуацијата и во Шпанија и Германија каде има по 2000 новозаразени лица.

Во Македонија бројот на заразени од вчера до денес е дуплиран и бројката изнесува 31 лице.

Спонзорирано: