3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Епидемијата се проширила како пожар: Во Италија пред 30 дена имало само 3 случаи на корона, а денес речиси 28.000 заразени и 2158 мртви!

Поразителни бројки од Италија. Коронавирусот се распламти последниве денови кога бројките на починати и новорегистрирани се зголеми речиси за двојно од ден во ден.

Така во еден ден вчера починале 348 лица, а се новозаразиле над 3.000 луѓе.

Како почнува Короната Италија?

Првите регистрирани случаи според официјалните податоци на СЗО почнуваат некаде кон средината на февруари, кога се регистрирани само 3 случаи, но само 30 дена подоцна бројката изнесува 27,980 регистрирани заразени и 2,158 починати. Излечени се 2,749 лица.

Короната започна тивко, а во моментов е буквално распламтена и покрај тоталната изолација во која се наоѓа земјата. Никој не може да предвиди што ќе се случи понатаму.

Засега нема некој конкретен лек кој што делува против овој вирус. Светските здравствени научници се во трка со времето, да го спасат Светот од најголемата криза во поновата модерна светска историја.

Недисциплината главен причинител за раширувањето на заразата низ цела Европа и САД

Според аналитичарите најголем причинител за ваквото раширување на заразата е недисциплираноста на младите кои ја ширеле заразата, а немаат никакви симптоми, но и не превземањето мерки од страна на Владите во Европа додека Кина буквално до последниот атом со најригорозни мерки се бореше против болеста.

Македонија речиси навреме превзеде ригорозни мерки
Македонија е една од првите земји во Светот, се разбира после кризните жаришта, која иако со многу мал број на случаи прогласи кризна состојба на одредени локации, а притоа ги затвори училиштата, факултетите, кафебаровите, ноќните барови, казината, обложувалниците и сите места кои собираат поголем број на граѓани.

Сепак бројот на новозаразени секојдневно расте, па денес достигна 23 потврдени и регистрирани случаи, но и 2 дополниелни случаи кои е извесно дека ќе бидат позитивни, со оглед дека такви резултати биле добиени од една од најреномираните приватни клиники во земјава.

Спонзорирано: