22.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Арсовски: Се покажа дека Заев не ги предал сите бомби, Обвинителството да истражи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски рече дека со вчерашното објавување на бомби на кои се слуша пратеникот Антонијо Милошоски, се покажало дека Зоран Заев не ги предал сите прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство, како што тврдат во СДСМ.

„Се покажа уште еднаш дека Зоран Заев извршил по илјадити пат кривично дело, односно не ги предал сите оние бомби или прислушувани разговори во периодот од 2008 година до 2015 година, што значи дека станува збор за кривично дело. Најверојатно уште ги поседува тој или некој негов близок, внатре во редовите на СДСМ. Тие ги најавија како бомби, но се виде дека биле петарди. Имаше вчера и пратеникот Антонијо Милошоски барање до Зоран Заев за јавно соочување, да ги соочат двајцата сите оние материјали кои што ги поседуваат во однос на снимени разговори, па граѓаните самите да проценат што и како има во нив. За се останато подетални би ве упатил да се повикате на вчерашното излагање на пратеникот Антонијо Милoшоски“, рече Арсовски.

Тој ги повика обвинителите Љубомир Јовевски и Вилма Русковска уште веднаш да отпочнат случаи и да истражат дали сите бомби се предадени, колку не се предадени и каде и кој ги поседува во редовите на СДСМ или од околината на Зоран Заев.