10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вајнштајн одведен во најопасниот американски затвор „Рикерс“

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е одведен во озлогласениот њујоркшки затвор „Рикерс“, десет дена по осудата за силување и сексуален напад.

67-годишниот продуцент од историската пресуда на 24 февруари се наоѓаше во болница на Менхетн поради болки во градите.

Вајнштајн, чии филмови освоjуваа „Оскари“, по операцијата, е пренесен во болничка единица на затворот „Рикерс“, рекол неговиот портпарол за агенциите.

„Отстрането е затнувањето“, рекол портпаролот, а неколку американски медиуми пренесуваат дека на Вајнштајн му е вграден стент.

Вајнштајн е прогласен за виновен за сексуален напад на поранешната асистентка Мими Халеи во 2006 година, како и за силување на поранешната актерка Џесика Ман во 2013 година.

Ослободен е по две точки од обвинението за предаторски сексуален напад за што можел да добие доживотен затвор.

„Рикерс“ е еден од најпознатите американски затвори во кои биле затворани славни личности, како Сида Вичиоса од „Секс пистолс“, раперот Тупак и поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос-Кан.

Големиот комплекс, познат по редовните насилни испади против затворениците и чуварите, ќе биде затворен во 2026 година./Makfax

Спонзорирано: