16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ ќе ги распише изборите во Србија на 4 март

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе распише избори на 4 март по враќањето од Вашингтон, каде ќе учествува на собирот на американско-израелскиот комитет за јавни работи.

Вучиќ додаде дека кампањата за парламентарните избори ќе трае подолго од 50 дена.

„Кога кампањите се толку долги, не мора да се брза, не можете да го достигнете врвот на кампањата, освен ако не направите тактики за тоа, сите ќе имаат време да направат тактики. Се надевам дека листата која што ја предовдам ќе постигне добар резултат”, рече Вучиќ.