3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

После 50 години, Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти, безбеден и сигурен за сите граѓани

-Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец. Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе неможе нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот, изјави Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта.

Но, рече тој, ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост. Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.

-Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.

Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас, рече Китанов.

Спонзорирано: