20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

ЕУ не планира да го стопира патувањето во шенгенг-зоната по епидемијата на коронавирус во Италија

Европската комисија денеска соопшти дека Европската Унија сè уште не размислува да го прекине патувањето во шенген-зоната по избувнувањето на епидемијата на коронавирус во Италија, но подготвува некои планови.

„Во моментов не размислуваме за сценарија, како што е координираната суспензија на шенген, но работиме на различни планови за вонредни ситуации“, рече европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчиќ.

„Патните ограничувања во шенген-зоната треба да бидат сразмерни и координирани помеѓу земјите на ЕУ“, рече комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес, додавајќи дека тие треба да се засноваат на научни докази.

Според неа, Светската здравствена организација не советува воведување ограничувања за патувања или трговија./Makfax