20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Анализа: ВМРО ДПМНЕ во паника по најавата за можната обединувачка предизборна коалиција на СДСМ

Во редовите на ВМРО ДПМНЕ видлива е паниката по најавата за можна предизборна коалиција која ги обединува и Македонци и Албанци, и Роми и Турци…

СДСМ е партија која ги обединува сите граѓани на Македонија – Македонци, Албанци, Турци, модерна европска партија која најави дека ова обединување можно е да се преточи и во предизборна коалиција.

Национализмот на кој ВМРО ДПМНЕ игра, не е европска вредност.

ВМРО ДПМНЕ пак повторно се бори против концептот на едно општество.

Според аналитичарите националистичката реторика ќе ја однесе ВМРО ДПМНЕ во сигурен пораз.

СДСМ, од друга страна, не ги дели граѓаните, туку ги обединува. Само партија која што обединува може да води напред, кон НАТО и ЕУ, велат аналитичарите.

Од друг агол по последната колумна која ја објави Героски, кој важи за близок до ВМРО ДПМНЕ, нему пред избори ме му сметаат коалиции со Турци, Роми, Срби и други, туку само со Албанците.

Ова јасно покажува дека една ваква обединета мултиетничка и прозападна коалиција ќе го порази национализмот еднаш засекогаш.

Дали ваквиот след на настаните е всушност големиот страв кој владее во опозицијата од голем пораз по најавите за обединување на про-западните сили во Македонија?