17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црногорско државјанство за децата на инвеститорите и пред полнолетството

Децата на инвеститорите во иднина ќе може да стекнат црногорско државјанство и пред да станат полнолетни, одлучи црногорската влада, пренесува „Побједа“.

Владата вчера ја изменила одлуката за критериумите, начинот и постапката за избор на лице што може да стекне црногорско државјанство заради реализација на посебната програма за вложување од особено значење за стопанскиот и економскиот интерес на Црна Гора.

Во изменетата одлука се наведува дека оваа програма за економско државјанство, како што скратено го нарекуваат, ја спроведува Агенцијата за инвестиции на Црна Гора.

Претходната одлука предвидуваше малолетните членови на семејствата апликанти да можат да стекнат државјанство по полнолетството./Makfax