Centar.mk
ЛОКАЛНО

Училиштето „Александар Македонски“ забрани мобилни телефони за време на наставата

Општинското основно училиште „Александар Македонски“ во Аеродром во соработка со Советот на родителите донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите.

За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња, каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот.

„Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. Ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика“, велат од Општината.

Можеби ќе ве интересира

Општина Карпош: Младите – двигатели на еколошкиот одржлив развој!

ДЕСК

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК