5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп за Оскарот за „Паразит“: Дали е тоа нормално, имаме доволно проблеми со Јужна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикува доделувањето на Оскарот за најдобар филм на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо за филмот „Паразит“ велејќи дека САД имаат доволно проблеми со Јужна Кореја во сферата на трговијата и дека не е нормално да ѝ се додели награда за најдобро филмско остварување.

„Колку се лоши наградите на филмската академија за оваа година? И победник е филм од Јужна Кореја. Што се случува таму? Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја во сферата на трговијата и тогаш им доделуваат награда за најдобро филмско остварување. Дали е нормално? Не знам. Вратете ни го ‘Однесено со виорот’, ве молам…Мислев дека тоа е награда за најдобар странски филм, но не. Дали ова се случувало порано?“, рече Трамп на митинг во Колорадо, пренесува „Фокс њуз“.

Филмот „Паразит“ освои четири Оскари, меѓу кои за најдобар филм и за најдобра режија. „Паразит“ е прв филм од неанглиско говорно подрачје во историјата кој го освоил Оскарот за најдобар филм, а доби Оскар и за најдобро сцнеарио и за најдобар странски филм.