Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Итна евакуација ги преплаши посетителите на аренатa О2 во Лондон

Итна евакуација се случила во арената О2 во Лондон, пренесува „Дејли експрес“. Според очевидец, на разгласот во салата било прочитано соопштение во кое било кажано: „Поради итен случај потребно е да се евакуира зградата“.

Пред вечерашниот настап на инди поп-групата „1975“, посетителите кои сакале да си обезбедат најдобар поглед кон музичарите во колона влегувале во салата, но се создала паника кога на разгласот била прочитана пораката за итна евакуација.

О2 потврди дека пораката била дел од редовна вежба. Арената О2 се наоѓа во југоисточен Лондон.