19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Очигледен е стравот и паниката кај Милошоски, наместо да прави драми да спреми добри адвокати затоа што ќе му требаат

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ – интегрален текст

 

П: Антонио Милошоски доставил материјали во Јавното обвинителство што ги презентираше во Собранието, кој е вашиот став?

Имавме можност од собраниска комисија да го слушнеме материјалот, ние го повикавме еве јас лично од собраниска говорница го повикав поранешниот колега Антонио Милошоски да ги достави сите материјали којшто ги има до Обвинителството, гледам дека тоа и го направил.

Тоа е начинот на којшто треба да функционираат работите, јас сум цврсто убеден дека не станува збор за никакво компромитирање на претседателот на партијата, напротив би рекол дека станува збор за сериозен страв и паника кај поранешниот колега Антонио Милошоски по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство. Знаете во Собрание човекот беше избезумен, што ли не реплицираше, кави ли не се лаги фрлаше од собраниска говорница.

Знаете станува збор за човек којшто имавме можност како граѓани да го слушнеме како го договара името по телефон, имавме можност да слушнеме како договара лустрација само заради тоа што некој човек не му бил нему симпатичен.

За Антонио имаме уште многу што да зборуваме а се однесува и на продажбата на објекти на Амбасадата на Република Северна Македонија. Станува збор за сомнителни договори со фирми од општина Штип во однос на реконструкции и рехабилитации на објекти на Министерството за надворешни работи, да не набројувам ќе ми треба цел ден за што се сомничи поранешниот колега Антонио Милошоски. Би му порачал наместо да пробува да прави било какви драмолетки во јавност и да ги манипулира граѓаните, нека си спрема добри адвокати затоа што ќе му требаат.