14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Деца од основно училиште повредени во судир меѓу владините сили и бунтовниците во Мјанмар

Најмалку 19 деца се повредени кога основното училиште во кое се наоѓале било изложено на оган меѓу владините сили и етничката бунтовничка група во Ракин.

Етничка група позната како армија Аракан, составена од претежно будистичко мнозинство, се бори за поголема автономија во западен Мјанмар.

Од 19 повредени деца, едно е во критична состојба, а за нападот, армијата ја обвини бунтовничката група.

Учениците се згрижени во локална болница./Makfax