12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската морнарица заплени иранско оружје

Воен брод на американската морнарица заплени оружје за кое се верува дека е од ирански „дизајн и производство“ и вклучува 150 противтенковски проектили и три ирански ракети земја-воздух, соопшти американската армија.

Оружјето е запленето во неделата во Арапското Море, а идентично е со она што друг американски воен брод го заплени во ноември.

Станува збор за противтенковски ракети „Дехлавие“, кои се иранска копија на руската ракета „Комета“, се наведува во соопштението на американската војска.

Во последниве години американски бродови пресретнаа и запленија иранско оружје насочено главно кон борците Хуту во Јемен.

Според резолуцијата на Обединетите нации, Техеран има забрана да снабдува, продава или изнесува оружје надвор од земјата, освен со одобрение од Советот за безбедност./Makfax

Спонзорирано: