20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ако биде повреден уште еден војник, Турција ќе ја нападне Сирија

Турција ќе ги нападне сириските владини сили на кое било место во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, можеби дури и од воздух, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рече во Анкара дека Турција е решена да ги потисне силите на сириската влада зад турските набљудувачници во северозападната провинција Идлиб до крајот на февруари.

„Ова ќе го сториме на кој било начин, од воздух или од земја“, рече турскиот претседател./Makfax