13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Обдукција: Витни Хјустон имала тешки изгореници на грбот, ѝ недостигале 11 заби

Витни Хjустон, славната американска дива со раскошен глас, изведувач на супер-хитот I Will Always Love You почина во 2012 година од случајно давење, срцеви заболувања, и зависност од кокаин. Светските таблоиди објавуваат нови детали од обдукцијата на телото, според кои таа изгубила 11 предни заби, како и поголем дел од веѓите.

Според извештајот од обдукцијата, на кој се повикува британски „Дејли мирор“, ѕвездата која почина пред осум години (11 фебруари) имала срцево заболување толку напреднато што една артерија била блокирана 60%.

Витни беше во Лос Анџелес пред нејзината трагична смрт и одлучи да се избања во када пред забавата во очи на доделувањето на „Греми“ наградите. На својотата помошничка ѝ кажала дека ја боли грлото. Подоцна помошничката ја пронашла ѕвездата како лежи во 13 инчи (околу 33 центиметри) топла вода, за која некои инсајдери тврдеа дека била врела 66 степени Целзиусови кога починала.

Извештајот од обдукцијата покажува дека Витни – која имаше 48 години кога беше пронајдена мртва во када – имала тешки изгореници на грбот, што предизвикало „лизгање на кожата“ на нозете.

На нејзиниот внатрешен лев лакт имало видливи траги од игла.

Светските медиуми неодамна објавија дека поп-иконата ќе биде регрутирана во американскиот Рокенрол хол на славните за 2020 година, каде што ќе биде постхумно одликувана на настан во мај.

Витни ќе биде внесена во холот на славата заедно со Депеш Мод, браќата Доби, Најн Инч Неилс, The Notorious B.I.G., и Ти-Рекс./Makfax

Спонзорирано: