24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Експертите предупредуваат: Коронавирусот би можел да зарази 4,2 милијарди луѓе, а да усмрти дури 42 милиони

Епидемијата на коронавирусот би можела да се прошири на околу две третини од светското население ако не биде исконтролирана, предупреди водечкиот епидемиолог од Хонгконг.

Неговото предупредување следи откако шефот на СЗО рече дека неодамнешните случаи на пациенти кои се заразени иако никогаш не биле во Кина, каде изби епидемијата, би можеле да бидат „врв на студениот брег“.

„Најважно е да се утврди големината и формата на тој студен брег“, вели професорот Габриел Леинг.

Поголем дел од експертите мислат дека секој заразен ќе продолжи да го шири вирусот на два и пол други лица, што довело до заклучок дека вирусот има стапка на напад од 60 до 80 отсто.

„Шеесет проценти од светската популација е ужасно голем број“, рекол Леунг за „Гардијан“ и додал дека дури и со општа стапка на морталитет, која не би била поголема од 1 отсто, вкупниот број на смртни случаи би можел да биде многу голем.

Тоа би значело дека ако во светот живеат 7,8 милијарди луѓе, би можело да се заразат 60 отсто, односно 4,2 милијарди луѓе, а да умрат дури 42 милиони луѓе./Makfax