14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возило удрило во пешак во Скопје

Вчера во 19.50 часот било пријавено дека на улицата „Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(29) од Скопје, удрило во пешак Т.С.(48) од Скопје.

Во незгодата, Т.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.