10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Странска државјанка која стравува дека има коронавирус се пријавила во приштинската болница

Министерот за здравство на Косово, Арбен Вити, одржа вонредна прес-конференција, откако пристигнаа информации дека едно лице со симптоми на коронавирус било примено во Клиничкиот центар во Приштина.

Тој истакна дека станува збор за жена, но додаде дека симптомите не укажуваат оти во прашање е коронавирус, пренесува српски „Телеграф“.

„Причината за прес-конференцијата е со цел да не се предизвика паника. Станува збор за странска државјанка која работи на Косово и Метохија. Личноста престојувала во ски-центар со пет други лица. Имала лесна кашлица, без треска и други симптоми, но сепак решила да ги предупреди надлежните и дошла на Клиниката за инфективни болести“, рече Вити.

Тој посочи дека резултатите ќе бидат познати до 11 часот, но истакна дека најверојатно не станува збор за коронавирус. Косовските медиуми пишуваат дека наводно се работи за жена од Велика Британија.