22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ликвидиран војникот кој во крвав поход уби 26 лица во тајландски град

Тајландските сили за безбедност во неделата наутро го ликвидирале војникот, кој уби 26 лица, а рани најмалку 52 други во неговиот крвав поход низ улиците и во трговски центар во град на истокот од земјата.

Како што беше соопштено од тајландскиот министер за безбедност, војникот бил пронајден по повеќечасовна потрага низ испразнетиот трговски центар каде првично тој го насочи својот напад.

Мотивот за овој масакр бил склучен договор за купопродажба на земјиште при што тој се почувствувал како изигран, соопштија властите.

Војникот го убиле негови колеги, односно припадници на воените сили, по ноќната опсада на трговскиот центар „Терминал 21“ во град околу 250 километри оддалечен од тајландската престолнина Бангкок.

Полицијата го идентификува напаѓачот како 32-годишниот Џакрапант Тома. Работел во воена база во близина на градот, а пред нападот на неговиот „фејсбук“ објавил дека тргнува во одмазда, иако не ја навел причината за тоа./Makfax