10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фото) Рашела Мизрахи работно го ангажирала шоферот на Диме Спасов, без дозвола на Шкријељ

Министерката за труд и социјална полтика Рашела Мизрахи работно го ангажирала шоферот на Диме Спасов, Марио Тавиќ од Скопје, дознава Centar.mk.

Новинската агенција Centar.mk дојде до договорот во кој се вели дека Тавиќ ќе биде шофер во министерството за труд се до почетокот на мај за плата од 20 илјади денари месечно.

Марио Тавиќ и стана познат на јавноста кога беше сведок кога се случи сообраќајката со Фолксваген Туарег со кој Диме Спасов како дополнителен заменик министер за труд и социјална политика оштети две возила на улица Алжирска во Скопје и потоа бегаше од полицијата во доцните ноќни часови на 28 октомври 2016-та година,

Иако во возилото бил Диме Спасов, на местото каде се случи сообраќајката дошло друго лице кое се претстави како Марио Тавиќ и на полицајците им рекол дека тој го возел возилото со кое биле удрени другите возила во скопско Тафталиџе.

Ваквата одлука за вработување на Марио Тавиќ е без согласност од дополнителниот министер Санела Шкријељ со што уште еднаш се поткопува изборниот процес од страна на претставниците на ВМРО ДПМНЕ.