27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина испрати работници и опрема во новоизградената болница

Кина испрати медицински работници и опрема во новоизградената болница, префрли 173,8 милијарди долари во економијата и дополнително го ограничи движењето на луѓето, за да го спречи ширењето на смртоносниот корона вирус.

Новите бројки покажуваат 361 починати и 2.829 нови заболени лица, со што вкупниот број на пациенти е 17.205, додека другите земји продолжија да ги евакуираат граѓаните од најтешко погодената провинција Хубеи и да го ограничат патувањето на лица од оваа област.

Светската здравствена организација објави дека бројот на заразени ќе продолжи да расте бидејќи се чекаат резултатите од тестовите за илјадници сомнителни случаи.

Болницата во Хубеи, во која има 1.000 кревети беше завршена за 10 дена.

Втората болница со 1.500 легла ќе биде отворена за неколку дена./Makfax