10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црногорското МНР најави мерки против министерот-советник во Амбасадата на Србија

Црногорското Министерство за надворешни работи најави дека ќе преземе мерки против министерот-советник во Амбасадата на Србија во Подгорица поради непочитување на Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Во дејствувањето на министерот-советник во Амбасадата на Србија се утврдени непобитно утврдени постапки со кои флагрантно се крши словото и духот на Виенската конвенција, добрата вера и добрата пракса во меѓудржавните односи и дипломатски релации“, наведено е во соопштението.

Во него не се прецизира на кој начин министерот-советник во Амбасадата на Србија во Подгорица „флагрантно“ го прекршил „словото и духот“ на Виенската конвенција, но се наведува дека во отворена и многу коректна комуникација, амбасадорот на Србија во црногорското МНР бил прецизно и детално известен за карактерот на овие активности како и за соодветнмите мерки што ќе ги преземат црногорските органи./Makfax

Спонзорирано: