17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Португалија запленети два тона кокаин во вредност од 70 милиони евра

Португалската морнарица заплени два тона кокаин од јахта во Атлантски Океан, вреден 70 милиони евра и уапси двајца странци на возраст од 51 и 53 години, соопшти португалската полиција.

Запленувањето се случило во екстремно тешки временски услови, бидејќи во тоа време дувала силна бура.

Операцијата била спроведена со помош на полицијата на Бразил, САД, Велика Британија, Франција и Шпанија, чии разузнавачки служби собирале информации за да помогнат во лоцирање и пресретнување на јахтата./Makfax

Спонзорирано: