10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стотина луѓе во Италија го измамиле системот за социјална помош, еден поседувал вила и ферари

Италијанската даночна полиција објави дека на дело биле фатени 237 луѓе кои го измамиле системот за социјална помош, вклучително и еден човек кој поседувал вила и ферари.

Операцијата била спроведена во Калабрија, регион на југот од земјата со многу сиромапно население и седиште на калабриската озлогласена мафија „Ндрангете“.

Меѓу лицата кои незаконски уживале универзален граѓански додаток, воведен минатата година како мерка за борба против сиромаштијата, биле неколкумина кои биле сопственици на вили и луксузни возила, а претходно веќе биле фатени во операции против мафиите.

Неколку од тие луѓе завршиле во затвор, а сопственикот на Ферари моментално е во куќен притвор. Измамниците ќе мораат да вратат вкупно 870 илјади евра, а се соочени и со затворски казни од една до шест годин/Makfax

Спонзорирано: