17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени 23 лица за шверцување 10.000 мигранти во Велика Британија

Во Франција и Холандија уапсени се 23 лица осомничени за шверцување околу 10.000 мигранти, кои во ладилници биле пренесувани во Велика Британија.

Француската погранична полиција во соработка со француската и холандската полиција разби ирачко-курдска мрежа на шверцери на луѓе, со поддршка на Европол и Евроџаст.

Во претреси на повеќе локации полицијата пронашла мигранти, кои биле одведени на сигурно месо, соопшти Европол.

Во Франција се уапсени 19 лица, во Холандија четири, а одземена е и поголема количина оружје и возила. Постои сомневање дека оваа група обезбедила транспорт за 10.000 мигранти од Авганистан, Иран, Ирак и Сирија од Франција во Велика Британија.

Мигрантите биле пренесувани во услови опасни за животот, затворени во камиони ладилници.

Мигрантите плаќале до 7.000 евра за тоа опасно патување. Уплатите се вршеле преку тајниот банкарски систем „хавала“, со кој управувал осомничен од Холандија. Постои сомнеж дека оваа криминална група стекнала околу 70 милиони евра./Makfax

Спонзорирано: