9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште еден кинески град во карантин

Слични мерки, кои беа воведени во кинескиот град Вухан поради најновиот корона вирус, се воведени во друг кинески град – Хуанган.

Градот со шест милиони жители го затвори автобускиот и железничкиот сообраќај, како и забавните објекти, како што се кината и интернет-кафулињата.

За сега не постои вакцина против новата вирусна инфекција, која може да предизвика пневмонија и може да се пренесе од човек на човек.

Светската здравствена организација соопшти дека иако причината за вирусот досега не е позната, примарен извор веројатно е животно./Makfax

Спонзорирано: