13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на смртни случаи поради корона вирусот се зголеми на 25, градот Вухан е во карантин

Бројот на лица што починаа како последица на корона вирусот се искачи на 25, со повеќе од 590 заболени.

Медиумите пренесуваат дека тоа се претежно луѓе над 60-годишна возраст, а повеќето од нив веќе имале некоја болест.

Поради избувнување на епидемијата, кинескиот град Вухан е ставен во карантин со суспендиран воздушен, железнички и патнички сообраќај, а на жителите им се советува да не патуваат надвор од градот.

Во меѓувреме, научниците се сомневаат дека причина за инфекцијата е отровна змија или вид кобра, која со други животни била продадена на локален пазар, чии работници први се разболеле.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус, кој се шири од Кина./Makfax

Спонзорирано: