13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По 20 дена ослободени киднапираните грчки морнари

Осуммина членови на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на Камерун, западна Африка, соопшти денес Министерството за трговија на морнарицата.

Во соопштението се вели дека осум членови на екипажот, вклучително и пет Грци, на возраст од 21 до 45 години, беа ослободени по успешните преговори.

За петмина Грци, меѓу кои и капетанот, се вели дека се сo добра здравствена состојба и на безбедна локација и ќе се упатат дома по лекарски преглед.

На 31 декември, пиратите го киднапирале екипажот на танкерот „Хепи лејди“, кој пловел под грчко знаме, додека бил закотвен близу пристаништето Лимбо.

Според Меѓународното поморско биро, пиратството во Гвинејскиот Залив се зголеми за 50 проценти минатата година./Makfax

Спонзорирано: