17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца битолчани тешко повредени откако во нив удрил автомобил

Двајца пешаци на возраст од 65 и 63 години се тешко повредени откако во нив удрил автомобил на битолската улица „Македонски гемиџии“.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила во утринските часови на 22. јануари, а автомобилот марка „рено меган“ го управувал 27-годишник од Битола.

Повредените пешаци биле итно пренесени во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош.

На местото на незгодата бил извршен увид од екипа на битолската полиција./Makfax