23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ништо не е ни готово ни исклучено кога е во прашање Косово, е пораката од САД

Ништо не е ни готово ни исклучено, па дури ни промена на границите кога е во прашање Косово, вели Мајкл Карпентер, поранешен претставник на Пентагон.

Карпентер, поранешен советник и поддржувач на Џозеф Бајден и експерт за Балканот, рече дека Вашингтон ќе го аминува секое решение за кое се договориле Србите и Албанците истакнувајќи дека во тоа нема црвени линии и дека сè зависи од Белград и Приштина.

Според Карпентер, ЕУ, Америка и ОН ќе поддржат одржлив договор. Тој го пренесе личниот став дека и демократите и републиканците во Конгресот се цврсто обединети во поддршката за независно Косово.

„Значи, тоа нема да се промени. Мора креативно да размислуваме како да се постигне тоа. Мислам дека статус кво е одржлив“, рече тој додавајќи дека двете страни сакаат резолуција која ќе им овозможи на Србија и Косово да живеат во мир и просперитет.

Карпентер оцени дека што и да успеала демократската администрација, сегашната ќе мора да биде покреативна и добро да размисли како да ги поттикне двете страни да постигнат договор кој ќе биде прифатлив за мнозинството Срби и за косовските Албанци.

„Тоа вклучува давање идеи за стабилизациски фонд“, додава тој.

Карпентер не би сакал да исклучи ниедна можност, па ни промена на границите, но напоменува дека клуч е одржливоста на договорот што го поддржуваат мнозинството граѓани како во Србија така и во Косово.

„Ако внатрешните актери не ја поддржуваат резолуцијата во целост, тогаш без оглед на тоа што мислат надворешните актери, тоа нема да функционира. Трајната резолуција бара широка поддршка од двете страни“, посочи тој./Makfax