6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски на средба со Здружението на судиите: Преку дијалог ќе дојдеме до решенија од интерес на судиите и судството

Премиерот Оливер Спасовски денеска прими делегација на Здружение на судиите, предводена од претседателот на здружението, Џемали Саити. На средбата присуствуваше и министерката за правда, Рената Десковска.

Премиерот истакна дека Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судиите до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања, меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.

„Овој процес треба да се води преку дијалог и партнерство. Врз основа на вашиот предлог за зголемување на платите потребно е да се направи анализа и во Министерството за финансии и да се утврди динамиката на изготвување законско решение за овие барања“, им порача Спасовски на судиите.

Како што соопштија од Владата, Саити изразил задоволство од текот на дијалогот со Владата и од инклузивниот процес, кој овозможува решавање на прашањата од интерес на судиите и судството.

„Претставниците на Здружението истакнаа дека продолжуваат разговорите со Владата и дека е забележан напредок за сите отворени прашања. Разговорите за зголемување на коефициентот на платите продолжуваат и беше потврдено дека за ова прашање веќе е формирана работна група“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: