5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во ноќен клуб во САД, има и жртви

Непознат напаѓач доцна синоќа отворил оган пред ноќен клуб во Канзас Сити, при што убил најмалку еден и ранил 15 луѓе, пренесува Еј-би-си њуз.

Осомничениот наводно починал на местото на инцидентот, а полициските службеници не пукале за време на настанот. Портпаролот на полициската станица рекол дека засега нема апсења.

Според информациите, напаѓачот почнал да пука во редица луѓе кои чекале да влезат во клубот. Полицијата на паркинг пронашла двајца мртви, жена и маж.

Властите потврдиле дека за време на инцидентот загинале две лица, од кои еден најверојатно е осомничениот за пукањето./Makfax