18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девет тинејџери се удавија при уривање на мост во Индонезија

Девет лица се удавија во реката при уривање на пешачки мост на индонезискиот остров Суматраа, соопштија денеска официјалните лица.

Девет тела биле извлечени од водата дури 20 километри подалеку од урнатиот мост во провинцијата Бенгкулу.

Спасувачите трагаат по 14-годишно момче кое сè уште се води за исчезнато.

Околу 30 лица, од кои повеќето тинејџери, враќајќи се од прошетката во блиската хидроцентрала застанале на мостот за да се фотографираат над надојдената реката.

„Очигледно, имаше повеќе луѓе отколку што можеше да издржи со мостот. Некои тинејџери дури и се лулаа на мостот во шега“, рекоа спасувачите.

Околу 20 лица се спасени, а едно лице е пренесено во болница со сериозни повреди./Makfax

Спонзорирано: