17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчки медиуми: Увезуваме криминалци од Балканот

По убиството на двајца мажи во ресторан во Атина, за кои се вели дека се членови на которскиот шкаљарски клан, грчките медиуми пишуваат за сè почестите пресметки на увезените криминалци од регионот.

Полицијата соопшти дека станува збор за добро организирано професионално убиство, па се разгледуваат две сценарија – мафијашка пресметка или нарачано убиство, пренесува порталот „Танеа“.

Додека полицијата го истражува кривичното дело што се случило пред десетици гости во ресторанот и пред исплашени деца, грчките медиуми пишуваат дека тоа е уште еден знак дека во земјата се увезуваат криминалци.

Порталот исто така потсетува дека ова не е прво убиство на јавно место наведувајќи примери на егзекуција на албански и италијански мафијаши во грчки кафулиња, како и убиството на српскиот бизнисмен Владимир Бокан.

Грчките медиуми исто така потсетуваат дека се пријавени најмалку 30-40 напади врз припадници на грузиската, руската, италијанската и мексиканската мафија, како и многу арапски компании за оружје.

Коментирајќи ги текстовите на грчките портали за двојната ликвидација во Атина, се проценува дека земјата станала рај за глобален криминал, дека областа станала игралиште на руски, српски и арапски криминалци, дека јужните предградија на Атина ќе станат Бејрут./Makfax

Спонзорирано: