14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запленети 82 килограми кокаин во авион, уапсен и пилотот

Аргентинската полиција уапси седум лица и заплени 82 килограми кокаин во товарен авион пред полетување од аеродромот во Буенос Аирес за Амстердам.

Аргентинските медиуми објавија дека меѓу уапсените на аеродромот во главниот град се и тројца членови на екипажот, меѓу кои и пилотот на холандската компанија „КЛМ Карго“.

Холандските медиуми објавија дека меѓу уапсените, тројца се државјани на Холандија.

Полицијата истражува дали дрогата биле натоварена во авионот во Аргентина или во Бразил, од каде што полетал.

„КЛМ“ соопшти дека соработува во истрагата./Makfax