11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, тројца повредени

Тројца луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 04.10 часот на автопатот Тетово-Скопје. Несреќата се случила помеѓу „бмв“, управувано од М.Е.(27) од Струмица и „фолксваген голф“, управувано од Л.А.(38) од Тетово.

Во незгодата, повредени се возачите на двете возила и сопатник во „Фолксвагенот“ Л.А.(38), исто така од Тетово. Тројцата биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово./Makfax