12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран сигурен дека нивна ракета не го погодила украинскиот авион

Иран повторно ги негираше обвинувањата дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета и ги повика САД и Канада да споделат какви било информации што ги имаат за несреќата во која загинаа 176 лица.

„За нас е очигледно и со сигурност можеме да кажеме дека ракета не го погодила авионот. Ако се навистина се сигурни, треба да му ги покажат на светот своите наоди во согласност со меѓународните стандарди“, рече началникот на иранската служба за цивилно воздухопловство Али Абеџеде.

Претставници на САД претходно изјавија дека е голема веројатноста иранската противвоздушна ракета да го соборила авионот, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. И тие претпоставуваа дека нападот можеби е грешка.

Иран ги повика САД да ги чекаат резултатите од истрагата за несреќата на украинскиот патнички авион во Техеран, а го отфрли како голема лага обвинувањето на американските власти дека авионот бил соборен од ирански проектили, изјави портпаролот на иранската влада./Makfax

Спонзорирано: