25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Несреќата на авионот на „Бек ер“ во која загинаа 12 луѓе најверојатно предизвикана од смрзнување на леталото

Минатогодишната несреќа на авионот на „Бек Ер“ во близина на казахстанскиот главен град Нур-Султан можеби била предизвикана од смрзување на авионот, рече вицепремиерот на Казахстан, Роман Склиар.

„Формирањето мраз на авионите се смета за главна можна причина за несреќата“, рече Склиар, откривајќи го прелиминарниот заклучок на владината комисија која ја испитува несреќата.

Казахстанските власти претходно соопштија дека технички дефект или грешка на пилотот може да се меѓу можните причини за трагедијата.

Авионот „фокер 100“ на „Бек ер“ кој леташе кон казахстанскиот главен град Нур-Султан со 98 патници, се урна на 27 декември 2019 година, набргу по полетувањето. Тој изгуби висина, проби бетонска ограда и удри во празна двокатна зграда.

Дванаесет лица загинаа, а 69 други беа повредени во несреќата. Активностите на авиокомпанијата беа прекинати во Казахстан по инцидентот, како и сите летови на авионите „фокер 100“./Makfax